Трамп: Каков ден, но доаѓаат уште одлични денови!!!

Макфакс

10/04/2025

08:05

1.360

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател се огласи на социјалните мрежи со една реченица: „Каков ден, но следуваат уште големи денови!!!“.

Трамп веројатно мислеше на вчерашниот ден кога ненадејно паузираше некои од неговите нови царини на 90 дена и рече дека дополнително ќе ги зголеми тарифите за увоз од Кина.

Ненадејната промена дојде помалку од 24 часа откако стапија на сила новите американски царини за увоз од десетици земји кои се трговски партнери на Соединетите Американски Држави.

Новите трговски бариери им нанесоа удар на пазарите, ја зголемија веројатноста за рецесија и доведоа до контрамерки од Кина и од Европската унија.

Трамп рече дека ќе ги зголеми тарифите за увоз од Кина на 125 отсто од 104 отсто, кои стапија на сила на полноќ.