Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина.
„Врз основа на недостатокот на кинеска почит кон светските пазари, со ова ја зголемувам царината што Соединетите Американски Држави и ја наплаќаат на Кина на 125 отсто, што стапува на сила веднаш. Се надевам дека во одреден момент, Кина ќе сфати дека деновите на искористување на предностите од САД и другите земји се завршени и дека тоа повеќе не е одржливо или прифатливо.
Од друга страна, и врз основа на фактот дека повеќе од 75 земји ги поканија претставниците на Соединетите Држави, вклучително и Министерството за трговија, Министерството за финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, да преговараат за решение (…), одобрив 90-дневна пауза и значително помала реципрочна давачка од 10 отсто во овој период, која исто така стапува во сила веднаш. Ви благодариме за вниманието по ова прашање“, објави Трамп.