Запленет тутун за наргиле вреден еден милион денари на Блаце

Макфакс

08/04/2025

10:59

350

Големина на фонт

а а а

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Блаце запленија 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари.

Од Царинската управа информираат дека тутунот за наргиле е откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички.

Патникот кој инсистирал побрзо да помине поради сомнително однесување е селектиран за детална контрола при што се пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во висина од 661.812 денари.

Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка, при што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело избегнување на плаќање акциза, казниво по Кривичниот законик.