Лимонот е овошје кое често се наоѓа во домаќинствата и е познато по тоа што содржи многу витамин Ц. Потекнува од Југоисточна Азија, поточно од регионот кој ги опфаќа Индија, Кина и Малајскиот полуостров. Но, она што веројатно не сте го знаеле е како настанало ова популарно егзотично овошје…
Иако денес е најпознат во медитеранската и западната кујна, лимонот не бил широко користен во Европа сè до средниот век. Во почетоците на своето постоење бил исклучително ретко и ценето овошје, пишува Index.hr.
Како настанал лимонот
Вкрстувањето на горчливиот портокал и цитронот веројатно се случило на тој простор пред повеќе од илјада години. Инаку, цитронот (Citrus medica) му дава интензивен мирис и подебела кора, додека горчливиот портокал му дава киселост и сочност.
Плодот на цитронот е голем, издолжен може да изгледа необично – некои плодови изгледаат како да имаат прсти. Кората му е многу дебела, а во внатрешноста има малку сок – не е сочен како лимон.
Интензивно мириса и често се користи поради неговата кора, во кондиторски производи или за бонбони. Не е вообичаено на нашите простори но може да се одгледува во потоплите краишта – како на пример на јадранскиот брег.
Оваа комбинација произвела овошје со карактеристична кисела и освежителна нота што го прави толку препознатлив – лимонот што го знаеме. Вкрстувањето на овие две растенија не се случило природно – одгледувачите на цитрус одиграле клучна улога во развојот на лимонот каков што го знаеме денес.
Во Америка пристигнал дури во 16 век
Откако лимонот настанал во Азија, почнал да се шири кон запад. Во 7-ми и 8-ми век, лимоните почнале да ги одгледуваат арапските трговци и освојувачи, а потоа се проширил низ Медитеранот. Арапите биле првите кои донеле лимони во Шпанија и Северна Африка, а португалските и шпанските истражувачи ги донеле во Америка дури во 16 век.
Уште тогаш лимонот станал медицински важен – се знаело дека е богат со витамин Ц, кој го спречувал скорбутот кај морнарите.