Тешко повреден пешак во Скопје, возачот го удрил и избегал

Макфакс

04/04/2025

13:24

592

Големина на фонт

а а а

Дваесет и осумгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил, а возачот избегал од местото на несреќата.

Според информациите на полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчеравечер на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје.

„Во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.