Мелони застана во одбрана на Ле Пен: „Се одземаат правата на милиони граѓани“

Макфакс

01/04/2025

11:56

600

Големина на фонт

а а а

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикуваше одлуката на францускиот суд со која ѝ се забранува на лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

„Не ги знам деталите за обвиненијата против Марин Ле Пен, ниту причините за ваквата сурова одлука, но мислам дека никој што се грижи за демократијата не може да се радува на пресуда која ќе влијае на лидерот на голема партија и ќе ги лиши правата на милиони граѓани“, рече Мелони во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Мелони, која важи за најмоќниот десничарски лидер во Европа, со оваа изјава застана во одбрана на француската политичарка, која во понеделникот од парискиот суд беше прогласена за виновна за проневера на средства на Европската унија.

Ле Пен е осудена на четири години затвор, од кои две ќе поминат под електронски мониторинг во домашен притвор, додека две години се условни. Покрај тоа, таа е казнета со 100.000 евра и забрана за учество на избори во следните пет години.