Угледната уредничка на „Вог“, по чиј комплимент сите копнеат, нема често обичај да ги фали славните личности, но сега се согласи да издвои еден познат пар.
Познатите личности, дури и најголемите ѕвезди меѓу нив, се натпреваруваат да бидат поблиску до срцето на Ана Винтур, долгогодишната уредничка на магазинот „Вог“ и една од најголемите авторитети во светот на модата.
Речиси и да нема личност во модните кругови на која не ѝ е важно мислењето на познатата британска уредничка, која од првите редови ги следи ревиите на луксузните модни куќи и одлучува кој може да биде објавен во нејзиното списание, а кој нема шанси да се појави во него.
Многумина копнеат да добијат нејзино одобрување, а има само неколку ѕвезди кои Ана Винтур јавно ги фали. Како што сега откри, Ријана и АСАП Роки се нешто навистина посебно за неа, кои ги смета за највлијателниот пар во светот на модата, пренесува „Дејли мејл“.
„Пред сè, тие се многу талентирани, тие се брилијантни, а мислам и дека имаат прекрасни вредности и извонреден стил“, изјавила уредничката на „модната библија“ за „Ентертејмент тунајт“.
Ана Винтур го дала ова интервју во пресрет на претстојната Мет Гала, која ќе се одржи на 5 мај, а откри и дека знае што ќе облече раперот, додека сè уште нема информации за стајлингот на Ријана.
„Вушност, вчера разговарав со АСАП Роки за тоа што тој ќе облече, но сè уште немам ниту назнаки затоа што ќе носи таа“, признала Ана Винтур.
Инаку, и самата Ријана е голема обожавателка на уредничката на „Вог“, а пред неколку месеци изјавила дека е многу возбудена поради Мет Галата, на која овогодинешната тема е „Superfine: Tailoring Black Style“.