Додик: Вучиќ уште еднаш потврди дека тој е изворот на стабилноста и силата на Западен Балкан

Макфакс

28/03/2025

16:50

1.116

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, им се заблагодари на Србија и нејзиниот претседател за денешната поддршка и рече дека кога политиката ја засновате на принципи, вистина, право и правда, кога сакате добро за својот народ и не сакате ништо лошо за другите – тогаш сте лидер, како Александар Вучиќ.

Вучиќ потврдува дека е човек кој е извор на стабилност и сила на Западен Балкан, човек кој реално ги гледа работите и ја отвора вратата за компромиси, разбирајќи ги легитимните интереси на сите – не наметнувајќи ништо никому“, напиша Додик на платформата Икс.

Тој посочи дека Србија, изградена со несебичните напори на Вучиќ, е столб на мирот и стабилноста.

„Таква Србија е исто така симбол на економскиот напредок и развој. Моќна и силна под негово водство, таа е и силна поддршка за Република Српска“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска истакна дека таква Србија им пречи на оние кои би сакале да го видат српскиот народ на колена, но таква слика нема да видат.

„Србија на чело со Вучиќ оди со крената глава, горда и свесна за својата историја и својата иднина. Затоа блокадите треба да престанат и Србија да се собере и да го избере Александар Вучиќ“, вели Додик и посочува:

„Ние сме им благодарни на претседателот Александар Вучиќ и на Србија за нивната поддршка, што и овојпат се одразува во јасна и принципиелна комуникација со Интерпол, во однос на обидот од Сараево да ги ограничи меѓународните контакти на врвот на Република Српска.

Тој изјави дека притисоците и злоупотребите на меѓународните институции не смеат да бидат средство за политичка борба во Босна и Херцеговина.

„Александар Вучиќ останува рационален глас на стабилноста, дијалогот и мирот во регионот. Неговата формула – дијалог, договор и почитување за сите без наметнување – е единствениот можен пат до решение и излез од кризата“, јасен е Додик.

Претпоставувам, вели претседателот на Република Српска, досега им станало јасно, а ако не – доволно ќе биде, дека никого нема да исплашат и ништо да постигнат со притисоци и уцени.

„Само околностите ќе го направат дијалогот уште покомплексен и отежнат. Затоа избираме одговорност и разум, а не уцени и авантуризам“, изјави Додик, пренесува Танјуг.