СВР Скопје известува дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РСМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.