Децата седат на училишни клупи, група постари луѓе уживаат во разговор додека чекаат автобус, а тинејџер се потпира на куп дрва. Гледајќи ги од далечина, можеби ќе помислите дека ги набљудувате животите на обичните жители на една јапонска провинција. Како што се покажало, никој од луѓето не е вистински.
Една од најтемните туристички атракции несомнено е јапонското село Нагоро, сместено длабоко во долините на префектурата Токушима на пустиот остров Шикоку. Нагор и околните места порано биле раздвижени – сè додека фабриката во која работеле повеќето жители не се затворила. Тогаш луѓето масовно почнале да заминуваат, а во селото завладеало пустош.
Кукли наместо луѓе
Кога населението почнало да опаѓа, една жителка, 65-годишната Ајано Цукими, почнала да прави свои кукли од партал. Нивната големина била пропорционална со човечкиот изглед. Отпрвин се зборувало дека нивната функција била да ги плашат враните и оддалечат од зеленчуковата градина. Меѓутоа, во реалноста, куклите почнаа да ги заменуваат луѓето кои заминале или починале.
Watch on TikTok
Ајано Цукими не користи готови шаблони. Секоја кукла е рачно сошиена од материјали избрани од самата уметница. Ги создава со голема прецизност и внимание на деталите, вклучително и изгледот на лицата, кои во некои случаи можат да изразат различни емоции. Интересно е тоа што куклите се облечени во облека што ја оставиле починатите жители. Ова внимание на деталите ги прави куклите, во извесна смисла, да „живеат“ во очите на посетителите на селото.
Со текот на времето, опсесијата на локалното население со куклите станала толку голема што тие биле сместени буквално насекаде. Наведено е дека во моментов селото е вештачки населено со околу 400 кукли, додека во него живеат само десетина живи луѓе. Секоја крпена кукла има име, возраст, личност и своја приказна. Жителите и минувачите се однесуваат кон вештачките ликови со крајна почит.
Поради депопулација, училиштето во Нагар морало да биде затворено во 2012 година, откако дипломирале и последните двајца ученици. Во селото нема деца. Останале само старците, кои се чувствувале удобно во присуство на куклите. Медиумите пренесуваат дека последното дете се родило таму пред околу 23 години. Училниците, сепак, не се празни. Тие се исполнети со десетина кукли кои наликуваат на ученици кои, седејќи на своите клупи, гледаат во учителката.
Watch on TikTok
Гледајќи во мистериозното село, може да забележите, меѓу другото и: постара жена која се грижи за гробовите на мртвите, маж кој пуши цигара, група постари луѓе кои разговараат додека чекаат автобус или тинејџер кој седи на брегот на реката, потпрен на куп дрва. Куклите се буквално насекаде. Клупата на која некогаш своето време го минувал извесен постар брачен пар, сега, по нивната смрт, нивното место го заменуваат кукли со нивните ликови.
Критична демографска ситуација во Јапонија – сè помалку жители
Watch on TikTok
Во Јапонија состојбата на жителите секоја година станува сè подраматична. Во 2024 година, локалното Министерство за здравство ја оценило демократската ситуација како „критична“. Нагоро е само еден пример. Вакви места во Јапонија има сè повеќе, каде што луѓето одат на работа, а селата се сè попразни.
Властите често се одлучуваат за доста радикални решенија, како што е создавањето на таканаречените села на духови, каде училиштата и другите објекти се веќе затворени. Во многу области има недостиг од млади луѓе, а процесот на стареење на општеството се продлабочува, што може да доведе до целосна маргинализација на одредени региони.
Сепак, Нагоро е специфична форма на сеќавање на луѓето кои веќе починале. За многу локални жители, тоа не е само симбол на „животот“ во селото, туку и форма на почит на оние кои некогаш биле дел од оваа мала заедница со тажна историја.