[ВИДЕО] Прогласена вонредна состојба во Бангкок, десетици заробени под урнатините на облакодер

Макфакс

28/03/2025

10:17

2.602

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс.

Облакодер во изградба во Бангкок се урна за време на земјотресот, соопшти полицијата. На социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како облакодер со градежен кран на врвот се урива во облак од прашина. Полицијата изјави за АП дека се на лице место, во близина на популарниот пазар Чатучак во Бангкок.

Службите за итни случаи известија дека 50 лица се наоѓаат во зградата што се урна во паркот Чатучак во Бангкок. Националниот институт за итна медицина соопшти дека 43 лица се заробени во зградата, додека други седум се повредени.

Тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок.