Mора да има политичка одговорност за трагедијата во Кочани, СДСМ ќе ги искористи сите механизми во Собранието, порачаа од партијата

Макфакс

27/03/2025

14:47

446

Големина на фонт

а а а

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ, разговаравме за актуелните состојби во земјата, по оваа тешка трагедија којашто ни се сличи и ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 млади животи, информира Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Заклучок на Централниот одбор на СДСМ како што рече, бил, дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно, сензационалистички и практично е насочена кон минатото, кон поранешни функционери а не кон функционерите коишто се директно одговорни, затоа што тие ги вршеле функциите во моментот кога се случила трагедијата.

Било истакнато дека таквата селективност во постапувањето е комплетно неприфатлива и дека тоа всушност не претствува правда.

Согласно тоа, вели Костова, СДСМ ќе бара и ќе инстистира да се спроведе независна, темелна истрага, којашто е неселективна.

„На каква било селективност којашто ја покажуваат истражните органи досега, вклучително и на оние кои се претставници на извршната власт, ќе се спротивставиме жестоко. Пред Законот мора сите да бидат еднакви.

Од особен интерес на сите граѓани е истрагите коишто се спроведуваат во врска со оваа најстрашна трагедија да покажат веродостојни резултат и да утврдат што точно се случувало и да лоцираат одговорност, онкако како што самата јавност и правните експерти кои ги слушаме укажуваат дека треба да се случува а не се случува“.

Оттаму како што додаде е и предлогот за формирање Анкетна комисија. „Тоа ќе биде во соодветно време, имаме поставени и рокови кога, Надзорна, за да може да се утврдат фактите за трагедијата, да и бидат предочени на јавноста и конечно да има соочување со одговорноста на оние кошто е јасно дека се одговорни“, појасни Костова.