Лидерот на Левица Димитар Апасиев со порака до премиерот Христијан Мицкоски да не бега од пратенички прашања: Премиере, не бегај – бегството не е решение, му порачува Апасиев на Мицкоски.
„Институтот пратенички прашања е уставен инструмент за парламентарна контрола над власта (чл. 72, ст. 3 од Уставот на РМ), кој потоа е гарантиран и во чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005).
Потоа, тој е доуреден и прецизно разработен во посебен оддел од Деловникот на Собранието на РМ (дури во девет члена). Правилото е дека се одржуваат задолжително, секој последен четврток во месецот, а премиерот мора да присуствува.
Но, бидејќи извесно е дека ќе се постават тешките прашања за трагедијата во Кочани, а на обата наши буржујски властелини Мицко Диско и Венко Модуларна тоа не им одговара – тие си решиле да суспендираат изрична уставна, законска и деловничка ius cogens норма со „споразум“!? Па така, лажејќи ја јавноста дека има некаков си „консензус“ (иако координаторот на Левица не се согласил + координаторот на ДУИ не бил ни присутен), спикерот Гаши си пуштил соопштение до јавноста во која изнесува невистини дека „сите се сложиле“ да не работат!? Не е точно – се сложиле само: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВРЕДИ и ЗНАМ“. Но, премиере, дури и да имало „консензус“ (а немало) – волјата на координаторите на пратеничките групи не може да ја суспендираат изричната императивна норма! Оти, со договори меѓу политичари не можете да дерогирате јавно-правна норма!
Колку и да бегате и да ја насочувате и попречувате истрагата – нема да можете да избегате од собранискиот мегдан и кога-тогаш ќе мора да дадете одговори за прашањата од врвен јавен интерес кои ја засегаат целата македонска јавност.
p.s. За крај, ќе завршам со една латинска максима од универзалното Римско право кое го предавам: „Ius publicum privatorum pactis mutari non potest – Јавното право не може да се измени со приватни спогодби“ (Papinianus / II век). Се гледаме на следна седница“, вели Апасиев во пораката до Мицкоски.
ПРЕМИЕРОТ-БЕГАЛЕЦ
„Ius publicum privatorum pactis mutari non potest - Јавното право не може да се измени со приватни спогодби“ (Papinianus / II век).
Posted by Димитар Апасиев on Thursday, March 27, 2025