Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска изјави дека Европската одбранбена унија повеќе не е прашање на „ако“, туку „колку бргу“ таа ќе биде формирана.
На конференцијата „Европа 2025“ за европскиот суверенитет Бербок рече дека европската одбранбена индустрија е сè уште национална по природа и дека затоа не е многу ефикасна.
„Ако продолжиме да користиме 150 системи за оружје во Европа, кои не се компатибилни еден со друг, можеме да ги потрошиме сите пари во светот – нема да бидеме доволно ефикасни, затоа верувам дека Европската одбранбена унија не е прашање на ‘дали’, туку ‘колку бргу’ ќе го постигнеме тоа“, рече таа, пренесува „Ројтерс“ од „Танјуг“.