„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Макфакс

26/03/2025

15:35

4.706

Големина на фонт

а а а

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.

„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ“, напиша Фрчковски.

Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во...

Posted by Јон Фрчкоски on Wednesday, March 26, 2025