Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации

Дерби

24/03/2025

14:53

1.578

Големина на фонт

а а а

Четвртфиналните натпревари во Лигата на нации донесоа огромен број возбудувања и пласман на Германија, Португалија, Шпанија и Франција на завршниот турнир, но во текот на вчерашниот ден, беа завршени и бараж натпреварите за опстанок во Ц, Б и А дивизиите.

Комплетираните плејофи ги одредија земјите учесници во четирите квалититативни конкуренции, а од следната сезона, Македонија ќе биде во Б сегментот.

Доминацијата која ја имавме во групата со првото освоено место направи избраниците на Благоја Милевски да се изборат за промоција, па сега во Лигата на нации ќе играме против далеку поконкурентни селекции.

Македонија се најде во четвртиот шешир за следната натпреварувачка сезона во Лигата на нации која ќе стартува во септември наредната година, а поредокот кој го направи УЕФА одреди дека ние не можеме во ниту еден случај да вкрстиме со Шведска, Северена Ирска и Косово кои исто така се во нашиот барабан.

„Црвено-жолтите“ можат да вкрстат со сите 12 селекции од останатите три шешири, од кои во првиот се најдоа Шкотска, Унгарија, Полска и Израел.

Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел

Шешир 2: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина

Шешир 3: Словенија, Грузија, Ирска, Романија

Шешир 4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово