Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“

Дерби

24/03/2025

14:52

1.310

Големина на фонт

а а а

Рафаел Ван Дер Варт жестоко го критикуваше Ламин Јамал во најавата за реваншот меѓу Шпанија и Холандија на „Месталја“, а откако тинејџерот одговори на теренот со брилијантна партија и еден мајсторски гол, реши да ги дочека своите „пет минути“ и по крајот на средбата.

„Црвената фурија“ во еден трилер натпревар на крајот испадна поуспешна по изведени пенали, па драматичниот пласман во полуфиналето беше зачинет и со сеир на сметка на поранешниот холандски репрезентативец.

Ван Дер Варт во најавата за вториот натпревар посочи дека не му се допаѓаат одредени потези на Јамал кои смета дека се некарактеристични за неговата возраст, но посочи дека покажува и доза на ароганција и ноншалантност со тоа што игра фудбал со спуштени шорцеви

На сето ова, поранешниот играч на Реал Мадрид нагласи дека Јамал на моменти не се залга доволно и не трча да помага во одбрана, па ваквиот рафал на крајот му се удри од глава, бидејќи Ламин вчера беше еден од најдобрите на теренот.

– Спуштени шорцеви, еден гол, промашен пенал и пласман во полуфиналето. Напред Шпанија!, – порача Ламин, кој јасно го таргетираше Ван дер Варт со својата објава која всушност е фото-галерија.