Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години

Дерби

24/03/2025

13:25

986

Големина на фонт

а а а

Франција ја заборави лошата претстава од Сплит од четвртокот и успеа да ја надокнади негативата од два голови на „Пољуд“, пред се благодарение на офанзивната игра, но и ефикасноста која ја имаа избраниците на Дидие Дешамп во второто полувреме.

Во еден натпревар во кој доминираше една селекција, најверојатно клучен момент беше голот од слободен удар на Олисе, бидејќи младиот фудбалер на Баерн Минхен постигна гол за каков во репрезентацијата на Франција се чекаше речиси две децении.

Крилниот напаѓач доби предност пред Килијан Мбапе и погоди директно од слободен удар, што всушност беше прв ваков гол за „триколорите“ на официјален натпревар по пауза од 18 години.

Последен пат директно од слободен удар погодил Жером Ротен во 2007-ма година, а пред овој гол на Олисе, еднаш на неофицијален меч во дресот на Франција погодил и Пол Погба.

По погодокот на Олисе, Франција постигна и втор преку Усман Дембеле, но потоа беше и подобра во пенал рулетот кој заврши со резултат 5:4.