Кристијано Роналдо обично е вистинска гаранција за гол кога ќе ја намести топката на белата точка, а со својат висок процент на реализацијата на најстрогите казни направи одредени соиграчи предвреме да ги слават головите.
Таква беше ситуацијата и вчеравечер во Лисабон, со тоа што избрзаната реакција на Бруно Фернандеш овојпат му донесе лоша среќа на капитенот.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед почна предвреме да го слави погодокот за 1:0 на Португалија, па брзо мораше да ја менува гестикулацијата.
Наместо да слави, Бруно се фаќаше за глава во наредните секунди, а причина за тоа беше некарактеристично лошиот пенал на Роналдо, кој можеби влегува и во комбинација за еден од најлошите во кариерата.
И покрај почетниот шок, Роналдо успеа да се издигне и во продолжение постигна гол во победата на Португалија, која на крај беше изразена со резултат 5:2 по одиграни 30 дополнителни минути.
Видеото погледнете го ТУКА.
Bruno Fernandes had his hands up in the air celebrating as Cristiano Ronaldo stepped up to take his penalty.
— ESPN FC (@ESPNFC) March 23, 2025
His reaction changed quickly 😅 pic.twitter.com/C1tTtaa6hO