Децата на Канје и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан се згрозени од неговите неодамнешни испади и се плашат од него, пренесе „Page Six“. Парот заедно ги добил ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм, на кои наводно не им е сеедно поради неодамнешните објави на Канје. Раперот претходно на X напишал дека „го сака Хитлер“, продавал маици со кукасти крстови и објавил фотографија од униформа на Кју Клукс Клан.
Извор близок до Канје рекол: „Ова мора да е страшно за Ким. Канје не ги зема лековите, доколку ги пиеше, немаше да бевме тука. Не се подобрува, не се чувствува добро, тоне сè подлабоко и не се однесува рационално. Има толку многу негативност – мислам дека нема да се извлече од ова“.
Ким претходно повика на итно сослушување за старателството
Потсетуваме, Ким неодамна повика на итно сослушување за старателството откако дознала дека браќата Ендрју и Тристан Тејт ќе бидат присутни за време на дружењето на Канје и ќерката Норт. Ким ја прекинала дружбата откако дознала дека браќата Тејт, кои неодамна се соочија со обвиненија за сексуален криминал во странство, требало да бидат со Канје.
Ким и Канје неодамна наводно се скарале токму поради Норт. Имено раперот објавил песна со Диди на Х, во која учествувала и Норт, поради што Ким му испратила пораки, а Канје потоа ги објавил, па избришал од социјалните мрежи. Наводно и рекол на поранешната сопруга дека никогаш повеќе нема да зборува со неа бидејќи таа го заштитила името на нивната ќерка.
Заканата на Канје со „војна“
„Претходно те прашав дали можам да го заштитам нејзиното име. Ти рече да. Кога ќе наполни 18 години, таа ќе одлучува. Затоа престани. Ги испратив документите за да не биде во песната со Диди, за да ја заштитам“, му одговорила Ким. Канје ѝ се закани со „војна“ доколку не го смени барањето, велејќи дека и двајцата нема да закрепнат од прашината што ќе се крене во медиумите.
Подоцна се појавија наводи дека Ким поради сето ова размислува да го промени договорот за старателство со Вест. Се тврди дека поради овие инциденти таа сериозно размислува да побара од судот да му го одземе на Вест заедничкото правно старателство.