[ФОТО] Тајгер Вудс и Ванеса Трамп потврдија дека се заедно

Точка

24/03/2025

09:47

2.607

Големина на фонт

а а а

Љубовта помеѓу легендата на голфот Тајгер Вудс и Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп Џуниор, цвета – а парот сега тоа го потврди и официјално на Инстаграм.

По повеќе од една недела гласини за нивната врска, парот конечно потврди дека се заедно. Вудс, 49-годишниот повеќекратен освојувач на Мастерс и Ванеса, 47-годишната поранешна снаа на американскиот претседател Доналд Трамп, ја споделија веста со своите следбеници на социјалните мрежи.

„Му се радуваме на нашето патување низ животот“

„Љубовта е во воздухот и животот е подобар со тебе покрај мене!“ напишал Вудс на 23 март на својот Инстаграм профил. „Му се радуваме на нашето заедничко патување низ животот. Во овој момент бараме почитување на приватноста на сите оние кои нѝ се блиски“.


Заедно со емотивната објава, Тајгер споделил и две фотографии. На една од нив, парот се релаксира заедно на висечка лежалка, додека Ванеса ја ставила раката околу неговото рамо. На втората фотографија двајцата се прегрнати, стоејќи рамо до рамо, насмеани и видно среќни. Ванеса набргу ја споделила неговата објава на нејзината Инстаграм приказна, дополнително потврдувајќи ја нивната врска.

Трамп му го доделил медалот на слободата на Вудс

Објавата доаѓа само неколку дена откако нивните деца, Чарли Вудс (16), синот на Тајгер и неговата поранешна сопруга Елин Нордегрен, и Каи Трамп (17), ќерката на Ванеса и Доналд Трамп Џуниор, учествувале на престижниот „Junior Invitational“ турнир во голф клубот „Sage Valley“ во Јужна Каролина.


Потсетуваме, минатиот месец Тајгер ја посетил Белата куќа за да го одбележи месецот на црната историја. По тој повод, американскиот претседател уште еднаш го пофалил како „еден од најголемите голфери во светот“. Во 2019 година, на Вудс му бил доделен Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во Соединетите држави.


„Со него можеме да кажеме дека сме во присуство на вистинска легенда – исклучителен спортист кој целосно го трансформирал голфот и достигнал нови нивоа на доминација. Тој е исто така и прекрасна личност“, рекол тогаш американскиот лидер.