[ФОТО] Апасиев: Има образец кој се поднесува до градоначалникот за отворање кабаре, зошто го амнестирате Љупчо Папазов

Точка

18/03/2025

16:09

3.176

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните медиуми го критикува односот на властите кон градоначалникот на Кочани по трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Апасиев денес сподели образец од пријава, согласно којшто, градоначалникот по службена должност треба да ги знае деталите за кабарето кое со години работело без исполнување на законските минимуми во повеќе сфери.

– Зошто го амнестирате ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување, вели Апасиев.

Зошто го амнестирате ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот...

Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, March 18, 2025

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов беше на распит кај обвинител синоќа, но за него засега нема постапка.