Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Американците имале „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека „постојат големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши“.
Трамп исто така рече дека со Путин се разговарало за украинските сили во Курск, и било побарано од рускиот лидер „да им ги поштеди животите“ откако, според достапните информации, тие биле опколени од руски сили.
„Имавме многу добри и продуктивни разговори со претседателот Владимир Путин вчера и постојат големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши.
“Но, во овој момент, илјадници украински војници се обиколени од Руската војска и се наоѓаат во многу лоша и ранлива позиција“, напиша Трамп.
Од претседателот Путин побаравме да им ги поштеди животите. Ова би бил ужасен масакр каков не е виден од Втората светска војна. Нека ги благослови Бог сите!!!“, напиша Трамп на својата мрежа "Truth Social".