Фолксваген отворен за соработка со германската војска: Би им ја произведувале опремата

Точка

12/03/2025

22:08

1.002

Големина на фонт

а а а

Фолксваген (VW) соопшти дека е подготвен да размисли за производство на опрема за германската војска како дел од европските напори за вооружување, пренесе британски „The Telegraph“.

Како што е соопштено, Оливер Блуме, извршниот директор на најголемиот европски производител на автомобили, рекол дека компанијата сè уште не била контактирана од потенцијалните партнери, но дека тие се подготвени „да ги разгледаат концептите“.


Неговите коментари доаѓаат во време кога притисокот кон повторно вооружување на Германија – поттикнат од стравувањата дека Соединетите држави ја повлекуваат поддршката од континентот – ги поттикнал производителите како Рајнметал и КНДС Груп да ги преуредат фабриките за автоделови во погони за производство на оружје.

Според економистите, фабриките за автомобили можат да заштедат капацитет со оглед на тоа што германскиот извоз на автомобили е преполовен во однос на својот врв пред Ковид-19 пандемијата.

„Постои можност за соработка“

Запрашан вчера дали Фолксваген, кој ги користи погоните ви своите фабрики под капацитетот, е отворен за производство на воена опрема, Блуме рекол дека постои можност, пренесе „The Telegraph“. „Прво, мислам дека, со оглед на моменталната геополитичка ситуација, одлуките што ги гледаме сега во Германија и Европа се правилни, во смисла дека треба да инвестираме повеќе за повторно да бидеме безбедни“.


„Не сме во конкретни дискусии за тоа што може да направи Фолксваген. Моето мислење е дека доколку постои можност за производство на воени возила во иднина, би морале да ги разгледаме концептите“, рече тој, додавајќи дека засега сè е само отворено прашање.

„Го направивме ова во минатото. Групацијата Фолксваген има автомобилска експертиза. Подготвени сме да обезбедиме консултации и совети. Но, сега тоа е само отворено прашање, а иницијативите најмногу од сè ќе ги иницира одбранбената индустрија“, додаде Блуме.

Раст на акциите на германските одбранбени компании

Според „The Telegraph“, зголемената побарувачка предизвикана од изгледите за европско вооружување го поттикна растот на акциите на германските одбранбени компании додека го зголемуваат производството. Во овој контекст, некои фабрики за автомобили во Германија се пренаменуваат за производство на оружје додека европските производители се борат на пазар кој не се закрепна на нивоата пред Ковид-19 пандемијата.


Сандер Тордоар, главен економист во Центарот за европски реформи, рече дека производството на воена опрема може да обезбеди „нова деловна линија“ за производителите на автомобили чија продажба е намалена.

Ветувањата за поттикнување на побарувачката на германските потрошувачи со олеснување на буџетските правила на „сопирање на долгот“ и започнување владини стимулации веројатно нема да ги вратат фабриките на полн капацитет, додаде тој. „Тие можат да ги прават и двете. Германија загуби половина од својот нето извоз на автомобили, така што има многу неискористени капацитети за зголемување на производството на електрични возила и воена опрема“, рече Тордоар.