[ВИДЕО] Марк Закерберг има нови очила

Точка

10/03/2025

12:37

1.315

Големина на фонт

а а а

Претставен е новиот модел "Ray-Ban Meta" во соработка со "Coperni"

Марк Закерберг, извршниот директор на компанијата "Meta", сподели фотографија на својот "WhatsApp" профил, на која носи нова ограничена серија на очилата "Ray-Ban Meta x Coperni".

"Meta" минатата недела најави „возбудлива соработка“, а сега е јасно дека станува збор токму за овие очила.

Дебитираа на Париската модна недела

Новите "Ray-Ban Meta x Coperni" очила го имаа својот дебитантски настап за време на Париската модна недела, каде што "Coperni" организираше „дигитално“ дружење со пријатели и познати личности, прикажувајќи ја својата најнова колекција.

Очилата се провидни и ќе бидат произведени во само 3.600 примероци, што ги прави ексклузивни.

Функционалности на новиот модел

Очилата имаат исти можности како и стандардниот модел, вклучувајќи "Shazam" поддршка, како и гласовни команди за пребарување и пуштање содржина преку "Spotify" и "Amazon Music".

Дополнително, "Meta AI" овозможува корисниците да запаметат одредени настани и информации.

Учесниците во раната програма за тестирање добиваат пристап до новите „live AI“ можности, како и до функцијата за превод во реално време на неколку јазици.