[ВИДЕО] Ѓоковиќ елиминиран во првата рунда на турнирот во Доха

Дерби

18/02/2025

19:46

903

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ одигра прв тежок и долг сет, но потоа загуби со 2:0 уште во првото коло на АТП тенискиот турнир во Доха.

Италијанецот Матео Беретини најде решение за трофејниот ривал и успеа да го победи со 7:6 и 6:2, со што си обезбеди важна победа во кариерата и место во следната рунда на турнирот кој се игра во главниот град на Катар.

Првиот сет донесе голема и израмнета борба во најголем дел од гејмовите, а Беретини беше поуспешен во тај-брејкот, кој го доби со 7:4 и на тој начин го насочи мечот во своја полза.

Ѓоковиќ не успеа да парира на сличен начин во продолжението, Беретини направи брејк за 2:0, а потоа ја претвори предноста во конечна победа.

Српскиот тенисер ќе чека следна шанса за подобро издание на елитните турнири, додека Беретини во следната рунда ќе се соочи со Грикспор.