Трошоците за живот во Европа варираат многу од место до место – во некои градови потребно е да потрошите половина месечна плата само за вечера, додека во други шише пиво ќе ве чини помалку од евро.
Сепак, киријата обично е прилично добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување откри кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци. Па така Лондон е прогласен за најскапото место за изнајмување во Европа.
Врз основа на податоците од „Euronews“ и „Rightmove“, просечната кирија во Лондон пораснала на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе во споредба со минатата година.
На второ место е Амстердам, каде, според податоците на „Статиста“, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Покрај Амстердам на листата се наоѓаат и други холандски градови, како Ротердам, Хаг и Утрехт.
Најскапи градови за изнајмување во Европа:
Лондон: 3.220 евра
Амстердам: 2.275 евра
Рим: 2.000 евра
Париз: 1.862 евра
Ротердам: 1.795 евра
Хаг: 1.790 евра
Минхен: 1.770 евра
Утрехт: 1.746 евра