Јокиќ сретна холивудска ѕвезда и прсна од смеа: Мислев дека си нечие дете

Дерби

18/02/2025

12:58

5.969

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ го искористи Ол-стар викендот за да се опушти и да ги наполни батериите пред важниот дел од сезоната која следи, а мора да се напомене дека Србинот понуди навистина урнебесни видеа кои на големо се вртат во Америка.

Цела јавност со голем интерес ја проследи неговата реакција откако сфати дека Вембенјама чита книга пред секој натпревар во НБА лигата, но сега вирално стана и видеото од пред самата сала во Сан Франциско.

Голем број познати личности и холивудски ѕвезди беа дел од неделниот спектакл во НБА, а еден од нив беше и Кевин Харт.

Познатиот глумец кој се истакна како врвен комичар не ја пропуштил шансата да се сретне со најдобриот играч во лигата, но со оглед на тоа што е пола метро понизок од Србинот, следела урнебесна реакција од Јокиќ.

– Не сакам да те навредам, но мислев дека си нечие дете……, – му порачал Јокиќ на Харт.