Познатата манекенка блесна на забавата на БАФТА, облечена во црно кожено трико

Макфакс

18/02/2025

08:12

3.478

Големина на фонт

а а а

Многу славни личности се собраа во неделата на афтер-забавата на наградите БАФТА, чиј домаќин беше британскиот Вог.

Меѓу ѕвездите кои блеснаа на црвениот тепих беше и актерката и модел Рози Хантингтон-Вајтли (37), која својата витка линија ја истакна со интересен аутфит.


Рози избра црно трико со крзнени детали и црни хулахопки, кои ги истакнаа нејзините долги нозе и витката линија. Својата модна комбинација ја заокружи со елегантни црни потпетици и едноставен накит.


Рози е во долгогодишна врска со актерот Џејсон Статам (57) со кој има две деца. Двојката се вери во 2016 година, а манекенката ја сподели среќната вест на Златните глобуси. Иако се свршени речиси една деценија, бракот не им е приоритет.