Роналдо: Јас сум најдобриот во историјата и точка

Точка

04/02/2025

09:49

1.571

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо даде интервју за шпанскиот „El Chiringuit“ непосредно пред неговиот 40-ти роденден, и порача дека е најдобриот фудбалер во историјата. „Досега постигнав 923 голови, но не ми е важно дали во кариерата ќе постигнам 930, 950 или повеќе. Доколку успеам да постигнам 1.000, одлично. Доколку не, и тоа е во ред. Но, бројките не лажат. Јас сум најдобриот фудбалер во историјата и точка!“.

Фудбалерот на саудискиот Ал Наср продолжи: „Можеби повеќе ги сакате Пеле, Меси или Марадона. Јас го разбирам тоа и го почитувам, но јас сум најдобриот и најкомплетниот играч досега. Не сум видел подобар фудбалер од мене. Јас сум добар изведувач на слободни удари, добро играм со глава. Добро шутирам и со левата и десната нога… Брз сум, силен, многу скокам… Да се каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер е лага. Нема покомплетен фудбалер од мене“.


„Бев блиску до премин во Барселона“

Роналдо откри дека бил блиску до трансфер во Барселона: „Додека сè уште бев во Спортинг Лисабон, Барселона сакаше да ме доведе. Имаше договор за трансфер според кој требаше да отидам таму една година подоцна. Но, потоа се појави Манчестер Јунајтед и веднаш ме зеде“.


Сепак, тој играше многу пати во Барселона, но како ѕвезда на нејзиниот најголем ривал: „Обожував да играм на Камп Ноу. Сосема посебна аура, енергија. Ме исвиркаа, ме навредуваа, а јас тоа го сакав и редовно постигнував голови таму“.

„Бев најсреќен во Реал Мадрид, но сакав да продолжам понатаму“

Роналдо истакна: „Бев најсреќен во Реал Мадрид, тој клуб и град се засекогаш во моето срце“, но објасни и зошто решил да замине оттаму во Јувентус: „Сакав нов предизвик, ново поглавје во мојот живот. Му кажав на претседателот Флорентино Перез дека сакам да заминам и тој го прифати тоа“.



„Но, во текот на преговорите околу моето заминување, тој не се согласуваше толку добро со мене. Го разбирам, бидејќи секогаш го прави тоа. Тој сакаше да се вратам, но не можев бидејќи веќе му кажав на Јувентус дека доаѓам“, додаде Португалецот.