Претседателот Доналд Трамп на денешниот брифинг изјави дека Белата куќа има „цврсто мислење“ за тоа што довело до судир во воздух во близина на националниот аеродром Реган.
„Иако сè уште не ја знаеме точната причина за несреќата, имаме многу силни мислења и идеи и мислам дека наскоро ќе ги споделиме. Сведок сум на слични инциденти низ годините“, рече Трамп.
Тој додаде дека верува дека тие имаат прилично добри претпоставки, а патничкиот авион направил се’ како што требало и бил на правилната траекторија.
Според него, несреќата била предизвикана од низа лоши одлуки.
„Поради некоја причина, хеликоптерот беше на иста висина и се движеше под многу неповолен и крив агол“, рече Трамп.
Тој тврди дека хеликоптерот го направил спротивното од она што му било кажано.
И покрај изјавите на Трамп, властите се уште не објавија официјални детали за причината за несреќата.
Претседателот заклучи дека „трагедијата не требало да се случи“.
Од друга страна, претседателот на Националната асоцијација на контролори на летање во писмо до членовите нагласи дека е „прерано да се шпекулира за причината“ за несреќата.
Трамп вели дека ова се часови на анксиозност за нацијата.
Ја поздрави операцијата за пребарување и спасување на сите нивоа и рече дека оваа мисија сега е мисија за пребарување, дека нема преживеани.