Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки дожвеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна

Макфакс

30/01/2025

18:07

328

Големина на фонт

а а а

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, во врска со со вртоглавииот раст на цените на храната го запраша премиерот Мицокоски дали сега ќе го прифатат предлогот на СДСМ за унинување на ДДВ за основните прехранбени производи.

„Животот на повеќето граѓани е претворен во секојдневна борба, како да го преживеат месецот. Цените се плафон, и овој тренд продолжува. Граѓаните се доведени да бираат што и колку ќе пазарат само од основните производи, не зборуваме за луксуз. А да не не ги споменувам сметките кои треба да ги плаќаат. Премиере вие откако дојдовте како да имате изгубено допир со реалноста, како да не сте влегле во продавница и со свои очи да видите што се случува па најавувате купување на авион за функционерите од владата“, рече Тренчевска.

Додаде дека според последните податоци овој месец, минималната синдикална кошница достигна 63.252 денари, што е пораст од скоро 400 денари месечно, а во споредба со јануари 2024 година, зголемувањето е за 6.000 денари.

По која математика, праша Тренчевска, граѓаните со две минимални плати од 22.567 денари, да ги покријат овие трошоци.

Според неа, со укинувањето на ДДВ за основните прехранбените производи, семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно.