11 лица приведени поради пожарот во хотелот во Турција

Макфакс

22/01/2025

17:58

221

Големина на фонт

а а а

Во истрагата за пожарот во хотелот во ски-центарот Карталкаја на северот на Турција, во кој загинаа 76 лица, а 52 беа повредени, приведени се уште две лица – заменик-градоначалникот на блискиот град Болу, Седат Ѓулер и заменик-началникот на противпожарната служба Кенан Џошкун.

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч изјави дека истрагата што ја покрена главното јавно обвинителство во Болу се води со голема чувствителност, таа е повеќеслојна и педантна, пренесе „Хуриет“.

„Во рамки на истрагата досега се приведени вкупно 11 лица, меѓу кои заменик-началникот на противпожарната служба на општина Болу, шефот на противпожарната служба на општина Болу, сопственикот на компанијата, генералниот директорот на компанијата и директорот на хотелот Истрагата ја спроведува комисија составена од седум лица кои се експерти во својата област“, ​​рече Тунч.

Покрената е судска и административна истрага откако рано во вторникот пожарот го зафати хотелот „Гранд Картал“ во Бол Карталкаја, при што загинаа 76 лица, а повеќе од 50 беа повредени.

На местото на настанот беа испратени бројни екипи за одговор при итни случаи од соседните градови, вклучително и пожарникари, единици за одговор при катастрофи и медицински тимови поддржани од хеликоптери. Околу 230 луѓе се евакуирани од хотелот кој во моментот на несреќата бил полн бидејќи бил екот на зимската сезона. Противпожарните екипи пожарот го ставија под контрола дури по десет часа гаснење.

Како што пишуваат турските медиуми, во 12-катниот хотел, изграден претежно од дрво, пожарникарите биле лоцирани во внатрешноста на зградата, немало доволно противпожарни апарати, а не се огласил ниту алармот за пожар.

Хотелот бил полн бидејќи зимската сезона и училишниот распуст се во полн ек.

Карталкаја, во провинцијата Болу, е една од најважните зимски туристички дестинации во Турција и привлекува илјадници гости за време на скијачката сезона, пренесува Танјуг.