Пронајдено новороденче киднапирано од болница во Италија, уапсени маж и жена

Макфакс

22/01/2025

08:16

493

Големина на фонт

а а а

Бебе старо еден ден кое вчера попладне беше киднапирано од клиника во Козенца, Италија, е пронајдено, јавуваат италијанските медиуми.

Полицијата го запрела автомобилот во кој биле киднаперите и бебето и уапсила маж и жена. Новороденчето е во добра состојба.

Во Козенца, град во јужна Италија, лажна медицинска сестра киднапираше новороденче вчера попладнето.

Како што пренесува италијанскиот Ilmessaggero, жена со дел од лицето покриен со маска влегла во клиниката Сакро Куоре, во строгиот центар на градот и ја киднапирала Софија Кавото, бебе старо еден ден.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот. Според првичните информации, жената се претставила како медицинска сестра, пришла на мајката и и кажала дека треба да го однесе бебето кај педијатарот.

После тоа ја напуштила клиниката. Кога девојчето не се вратило, нејзината мајка се загрижила и ја алармирала полицијата.

„Од Сакро Куоре е украдено новороденче. Жената што ја однела е ниска и има плетенки. Рекла дека треба да ја измие, а кога не се вратила мајката се загрижила. Ги прегледале надзорните камери и виделе дека надвор од клиниката ја чека маж со темна кожа со детско седиште во автомобилот. Го ставиле детето во кола и си заминале. Засега ова е единствената достапна информација“, стоеше во апелот на социјалните мрежи.