Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе за сопствената одбрана. Зеленски инсистираше на тоа дека Европа мора да стане понезависна од Вашингтон бидејќи не постои гаранција дека неговиот американски колега е посветен на НАТО алијансата.
„Дали претседателот Трамп воопшто ќе ја забележи Европа? Дали го гледа НАТО како неопходност? И дали ќе ги почитува институциите на ЕУ“, праша Зеленски во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Зеленски го опиша својот остар говор како повик за будење до европските лидери, вклучително и оние во Британија и Франција. Зеленски тврди дека Европа мора да стори повеќе за да докаже дека може да застане на свои нозе и да биде „силен глобален“ играч и „незаменлив“ на светската сцена.
„Поголемиот дел од светот сега размислува: Што ќе се случи со нашиот однос со Америка, што ќе се случи со сојузите, трговијата? Како претседателот Трамп сака да ја заврши војната?… Но, никој не ги поставува овие прашања за Европа“, рече тој.
Zelensky at the Davos Economic Forum:
— Victor vickop55 commentary (@vick55top) January 21, 2025
"The US doesn't care whether the EU will continue to be their ally. Washington doesn't believe that Europe can bring the US anything truly significant," Zelensky said
That is, the entire West will be represented by the US and they will… pic.twitter.com/2HGvVUb0gJ
„Кога ние во Европа гледаме на САД како наш сојузник, јасно е дека тие се незаменлив сојузник. Во време на војна, сите се прашуваат дали САД ќе застанат покрај нив… Но, дали Американците се прашуваат дали Европа еден ден ќе се откаже од нив или ќе престанат да бидат нивни сојузник? Одговорот е не“, додаде тој.
„Европа не може да си дозволи да биде втора или трета по ред пред своите сојузници. Ако тоа се случи, светот ќе почне да се движи без Европа, а тоа би бил свет што не би бил пријатен или корисен за сите Европејци“, рече тој на собирот во Давос.