Десетици повредени во несреќа со жичница во Шпанија: „Како да се откачи кабел, луѓето беа исфрлени“

Макфакс

18/01/2025

16:58

534

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 30 лица се повредени во несреќа на ски-лифт во североисточната шпанска скијачка област Астун, соопшти денеска регионалната влада.

Според информациите со кои располагаат властите во Арагонија, девет лица се во критична состојба, а осум се тешко повредени. Тие рекоа дека точната причина за несреќата се уште е под истрага.

„Како да се откачи кабел, скокаа столици и луѓето беа исфрлени“, изјави сведок за ТВЕ.

Ски-центарот веднаш беше затворен, а во тек се бројни спасувачки операции.

Локалните власти распоредија неколку амбулантни возила и испратија четири хеликоптери на местото на настанот за да им пружат помош на повредените, кои се транспортирани во блиските болници, јавуваат медиумите.

Ски-центарот Астун се наоѓа во планинскиот венец Пиринеи на границата со Франција.