Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона

Дерби

15/01/2025

14:13

292

Големина на фонт

а а а

Јувентус иако водеше не успеа да ги освои трите бода во вчерашното соочување со Аталанта во Бергамо, односно беше остварен резултатот кој е заштитен знак за „бјанконерите“ во оваа сезона, поделба на бодовите.

На вкупно 20 натпревари во Серија А, клубот од Торино има забележано само 7 победи, не загуби од никого, меѓутоа има дури 13 нерешени исходи во шампионатот.

„Старата дама“ има дури 14 бода помалку од лидерот Наполи и токму поради ова се зголему притисокот кон тренерот Тијао Мота кој беше доведен да донесе атрактивен, убав фудбал, ама во исто време и да победува.

Оваа екипа, новиот Јувентус е многу послаб од оној кој во претходната сезона го водеше Масимилијано Алегри, поточно во истата оваа фаза има освоено дури 15 бода помалку. Ваквата статистика покажува дека Јувентус има најголема разлика, загуба кога се работи за сите екипи споредбено со сезоната 2023/2024.

Инаку поранешниот италијански шампион загубил, испуштил дури 14 бодови во ситуации кога водел во тековнава сезона што значи дека ја задржал предноста сега ќе бил на врвот и во најтесен круг за Скудетото.