Во Македонија доаѓа студен бран со врнежи од снег, најавија метеоролозите

Макфакс

09/01/2025

13:58

1.501

Големина на фонт

а а а

УХМР прогнозира за наредните денови дека следува студен бран со врнежи од снег.

Истовремено, се потсетува дека, во согласност со временските метеоролошки услови, со соодветни подготовки, во согласност со дестинацијата, се планираат патувањата, а пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и за состојбата на патиштата во согласност со информациите од надлежните институции и служби.

Конкретно, УХМР прогнозира дека в сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

В недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи, кои поради спуштање постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во поголем дел од земјата ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица.

Повремен снег ќе има и в понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нулата.

Во Скопје в сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег. В недела ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка.