Мари: Му се приклучив на Ѓоковиќ за да го саботирам во обидот да освои нова титула во Мелбурн

Дерби

09/01/2025

13:18

531

Големина на фонт

а а а

Енди Мари се приклучи на тимот на Новак Ѓоковиќ и веќе неколку дена работи со Србинот во Мелбурн, соработка која направи двајцата да бидат нависитна популарни пред стартот на Аустралијан Опен.

Некогашниот голем ривал на грен слем рекордерот реши позитивно да одговори на повикот од Ноле и прифати да му стане тренер, а прва цел ќе му биде да му помогне во обидот да стигне до 11-та титула на Аустралијан Опен, или вкупно 25-та на грен слем турнирите.

Британецот е познат по својот брилијантен хумор и денеска им се приклучи на Новак и Александер Зверев по хуманитарниот меч кој го одиграа на „Род Лејвер“, па така Мари не пропушти шанса да даде генијален одговор на едно новинарско прашање.

Мари четири пати губеше од Ѓоковиќ во финалињата на Аустралијан Опен, факт кој го натера да даде урнебесен одговор.

– Игравме тука во финалето неколку пати и никогаш не успеав да ја минам завршната линија. Човекот кој седи до мене е одговорен за тоа, па сега јас сум во неговиот тим во обид да го саботирам да освои уште некоја титула….., – шеговите порача Мари, кој во продолжение го нарече Ѓоковиќ како еден од најголемите работници во историјата на спортот.

Ѓоковиќ во својата досегашна кариера освои 10 титули на првиот грен слем во годината, а денеска дозна каков пат го чека до 11-от трофеј во Мелбурн.