Кам-бек за најавните шпици: Зајон се врати на теренот со забивање од 360 степени

Дерби

08/01/2025

12:52

652

Големина на фонт

а а а

Зајон Вилијамсон не успеа да го исполни сиот свој потенцијал поради незгодните повреди кои го пратат од самиот старт на неговата НБА кариера, но секогаш кога е на теренот, играчот на Њу Орлеанс со своите партии потврдува дека станува збор за голем кошаркарски потенцијал.

Вилијамсон се врати рано утрово на паркетите во американската кошарка по пауза од два месеци, а самиот се погрижи неговиот кам-бек да биде одбележан од сите кои ја следат НБА лигата.

Зајон имаше соло акција која навистина вреди да се одбележи, бидејќи најпрво украде топка, а потоа режираше спектакуларно забивање.

Играчот на Пеликанс влезе со максимална самодоверба и покрај подолгата пауза, па реши да забива откако претходно се сврте 360 степени.

Атракцијата на Зајон потсети на Ол стар бравурите кои ги режираат специјалистите за забивање, па истата експресно стана вирална на социјалните мрежи.