Нејмар не се изнаигра фудбал во Саудиска Арабија и голема е веројатноста дека ќе си замине од оваа земја по крајот на сезоната, особено во ситуација кога Ал Хилал како клуб не планира да му го продолжи договорот.
Тешката повреда на коленото направи Бразилецот да се опоравува до пред само два месеци, но откако се врати на теренот, Нејмар ја повреди задната ложа и повторно е во аут.
Ал Хилал не планира да продолжи да му ги исплаќа милионите кои Бразилецот си ги загарантира со двегодишниот договор, а тоа отвора шанса за ново поглавје на Неј, кој сега на исклучи можност да им се приклучи на Лео Меси и Луис Суарез во Интер Мајами.
– Би било неверојатно повторно да заиграм со Меси и Суарез во ист тим. Тие се мои добри пријатели и се уште комуницираме.
– Би било навистина интересно повторно да се спои тоа легендарно трио. Јас сум среќен во Ал Хилал, комотно ми е во Саудиска Арабија, но кој знае што носи иднината. Фудбалот е полн со изненадувања и се може да се случи, – вели Нејмар во интервјуто за „Си-Ен-Ен“.