Фудбалскиот клуб Вардар демантира дека договор потпишал Едиз Спахиу. 23 годишниот есенскиот дел од сезоната го мина во Тиквеш, постигна четири голови на 18 натпревари.
Пред два дена клупската фејсбук страница, на која со години се објавуваат информации поврзани со клубот, објави дека Спахиу е нов играч на Вардар.
Сега на „fcvardar.com“ клубот испрати демант.
АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД.