Барнли и Стоук вчера не постигнаа гол на новогодишното соочување во Чемпионшип, а натпреварот ќе биде запаметен по еден брутален старт на поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Ханибал Меџбри заработи директен црвен картон, откако во финишот на средбата намерно згазна на телото на противнички фудбалер и предизвика експресна реакција на судијата.
Настрада Жуниор Чамаду, а навивачите на Стоук бараат жестока казна и долга суспензија за Тунижанецот кој се чини дека можеше да го избегне потегот со кој си создаде сериозен проблем.
HANNIBAL HAS BEEN SENT OFF FOR STAMPING😳
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) January 1, 2025
And rightly so because that is DISGUSTING😡 https://t.co/2hqL9f2JsJ
Меџбри беше член на младинскиот, односно сениорскиот тим на Јунајтед меѓу 2019 и 2024 година, но по неколку заеми од сезонава е дел од второлигашот Барнли.