Манчестер Јунајтед влезе во резултатска криза и под водство на новиот менаџер Рубен Аморим, а португалскиот стручњак мора да бара брзи решенија со актуелниот ростер со кој располага.
Тој самиот, а и фановите би посакале засилувања уште во актуелниот преоден рок, но очигледно тоа е невозможна мисија за великанот од „Олд Трафорд“.
– Немаме можност да инвестираме во нови фудбалери во јануари.
– Вие (новинарите) ја знаете ситуацијата во клубот подобро од мене, па мислам дека нема логика ни да зборуваме на таа тема.
– Не дојдов овде за веднаш да трошам многу пари и да го променам целиот тим, затоа нема ни поента да коментирам, – рекол Аморим.
Следен противник на Јунајтед е Ливерпул во натпревар закажан за во недела од 17:30 часот.