Натпреварот меѓу Брентфорд и Арсенал ги задоволи апетитите на неутралните фудбалски фанови на стартот на новата 2025-та година, но ако програмата во Премиер лигата беше навистина скромна, во Чемпионшип се одиграа дури 12 натпревари.
Возбудувањата во Втората лига донесоа многу голови на фудбалските стадиони, но еден кој беше постигнат на „Хилсборо“ посебно го привлече вниманието.
Шефилд Венздеј на домашен терен го доби Дерби Каунти со 4:2 и успеа да ги освои првите три бода во новата година, но најверојатно Џош Виндас достави и кандидатура за гол на сезоната во Чемпионшип.
Играчот за врска на Шефилд доби шанса на стартот на вториот дел, а по 15 минути игра, постигна гол кој ќе го памети до крајот на животот.
Виндас испрати удар од својата половина и успеа да го надмудри голманот на Дерби, мајсторски лоб кој експресно стана вирален хит во Англија.