[ВИДЕО] „Затворениците ги фрлал како храна на лавот“: Егзекутиран „крвникот на Асад“ – објавени морничави снимки – Тој беше еден од најголемите монструми на сирискиот режим

Точка

11/12/2024

22:00

5.184

Големина на фонт

а а а

Сирискиот војник, кој ги фрлаше затворениците како храна на своето домашно милениче – лавот, беше јавно егзекутиран од локалните бунтовници по падот на режимот на Башар ал Асад.

Талал Дакак, озлогласениот член на елитната 25-та дивизија на сириската армија, позната и како Тигри, бил убиен од локалната милиција во западниот град Хама, според извештаите од теренот.

Видеата објавени на социјалната мрежа „Х“ во вторникот ги покажува подготовките за егзекуција на Дакак, иако неговата смрт не е официјално потврдена.

Тој беше егзекутиран пред очите на голем број луѓе кои се собраа на плоштадот. Тоа е стратегија за егзекуција, смислена од локална бунтовничка милиција за високите членови на сириската армија.

Ова чудовиште на Асад, познат и како Абу Сакр, беше еден од најозлогласените сириски воени лидери и моќен бизнисмен во Хама, а во еден момент ја предводеше милицијата на воздушно разузнавачката служба со дури 1.500 членови.


Тој стана озлогласен откако наводно украл младенче лав од зоолошка градина и го хранел со телата на своите затвореници. Според извештаите Дакак, наводно, го снимил младенчето лав како гризе жив коњ и му го кине месото, а потоа ја објавил снимката на социјалните мрежи, пренесува „Daily Mail“.

Тој е одговорен за многу други ужасни злосторства, вклучувајќи киднапирања, убиства и трговија со органи. Исто така, Дакак се занимавал со шверц и продажба на нерегистрирани возила, како и трговија со наркотици.

Поранешниот таксист, Дакак се верува дека е еден од неколкуте високи членови на војската заробени од страна на бунтовниците по падот на долгогодишниот режим на сирискиот претседател Башар ал Асад.


Европската унија предупреди на висок ризик од тоа Сирија да западне во секташко насилство, но лидерот на исламистичките бунтовници Абу Мухамед ал Џолани инсистира дека Западот нема од што да се плаши.

Сириски воен набљудувач во вторникот изјави дека џихадистите на Исламската држава убиле 54 владини војници кои бегале додека бунтовниците предводени од исламистите продолжувале со нивната офанзива.


Џихадистите на ИСИС заробија „лица кои бегаа од воената служба во пустината за време на падот на режимот“ на претседателот Башар ал-Асад и „егзекутираа 54 од нив“ во областа Сукна во пустината Хомс, велат од Сириската опсерваторија за човекови права.

ИСИС зазеде големи делови од Сирија и Ирак во 2014 година, но во 2019 година беше територијално поразен во Сирија. Сепак, неговите останки сè уште вршат смртоносни напади.

Веста за масакрот врз војниците дојде откако новата шефица за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, рече дека постои легитимна загриженост за ризиците од секташко насилство во Сирија и повторното јакнење на екстремизмот во земјата.


Калас исто така, изјави дека падот на Асад претставува удар за рускиот претседател Владимир Путин и Иран.

Новиот сириски привремен лидер Мохамед ал-Башир во вторникот објави дека ја презема функцијата привремен премиер, поддржан од поранешните бунтовници кои го соборија Асад пред три дена.