[ВИДЕО] Џими Фалон остана без зборови: Анџелина Џоли се појавила боса во емисијата, а потоа ја открила причината

Точка

07/12/2024

13:34

6.001

Големина на фонт

а а а

Актерката која беше прогласена за најубава жена на светот, Анџелина Џоли, по долго време одлучи да гостува во една емисија. Таа дговорила на поканата на познатиот водител Џими Фалон, иако имала скршеница на ногата.

Имено, водителот ја претставил оскаровката пред присутните и побара аплауз, а Анџелина влезе во долг црн фустан, со насмевка, а потоа забележа дека таа не носи никакви чевли, туку е – боса.

„Дали ги заборавивте чевлите или нешто слично?“, ја праша Џими Фалон познатата актерка.

„Не, вчера го скршив палецот и се обидов да најдам чевли што ќе ми прилегаат, но тогаш решив дека не сакам да носам ништо“,  истакна Џоли.

За време на разговорот, Џими ја праша Анџелина дали некое од нејзините шест деца размислува да ја следи во актерска кариера. Како одговор, таа објасни дека некои од нејзините деца се заинтересирани да работат зад сцената и зад камерите на проекти.

„Тие навистина, навистина сакаат да бидат, особено Шајло, далеку од очите на јавноста. Тие не сакаат да се фотографираат и никој од нив навистина не го прави тоа сега. Мислам дека таа Шајло најмногу би сакала приватност. На некои луѓе им е поудобно со јавноста, на некои не“, истакна таа.