Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, истакнуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, таа наместо да излезе пред советниците со план за набавка на нови автобуси, повторно магично исчезна.
„Каде се парите од Град Скопје? Каде се ветените решенија? Одговорите остануваат зад затворени врати каде што се носат одлуките.
Арсовска ако воопшто има некаква грижа на совест за граѓаните, треба конечно да покаже вистинска отчетност. Доколку таа е подготвена на тоа, тогаш советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се подготвени да го поддржат предлогот за нови автобуси“, додаваат од владејачката партија.
Во спротивно, како што велат, ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно, ќе продолжи. „Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка“, дополнуваат во реакцијата.