Муцунски се заблагодари за недвосмислената поддршка на Чешка за евроинтегративниот процес на нашата земја

Макфакс

27/11/2024

13:59

172

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари средба со делегација од Комисијата за надворешни работи во чешкиот Парламент, предводена од заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек.

На средбата, беше изразено задоволство од напредокот на македонско-чешките односи и уверување дека заедничкиот ангажман ќе придонесе кон нивно натамошно унапредување и искористување на потенцијалот за соработка во сите области. Двете страни се согласија дека парламентарната дипломатија е значајна димензија во зајакнување на севкупните билатерални односи на двете држави.

Министерот Муцунски се заблагодари за недвосмислената поддршка на Чешка за евроинтегративниот процес на нашата земја, која беше потврдена и на бројните средби во рамки на неговата неодамнешна работна посета на Прага.

Заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек потенцира дека Комисијата за надворешна работи на чешкиот Парламент, ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во нејзиното доближување кон Европската Унија, истовремено зајакнувајќи ја парламентарната соработка на сите нивоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг