[ВИДЕО] Македонскиот планинар Александар Кирковски го искачи врвот Ленин: Еден од вкупно петте врвови повисоки од 7000 метри во поранешниот Советски Сојуз

Точка

27/11/2024

13:24

462

Големина на фонт

а а а

На 01.08.2023 година македонскиот планинар Александар Кирковски (ПК Македон Скопје) заедно со Лукас Браун (Германија) успешно го искачија врвот Ленин 7134 мнв на планинскиот масив Памир во Киргистан.

За овој врв карактеристично е тоа што претставува еден од вкупно петте врвови повисоки од 7000 метри во поранешниот Советски Сојуз, популарно наречени и “Снежни леопарди“.


Краткиот филм од оваа другарска авантура на Александар, Лукас и Петар, а со монтажа на Горан Вуќиќ, беше дел од фестивалот на планински филмови “ЕХО“ оваа година. За сите љубители на планинските авантури филмот е веќе поставен на платформата "Youtube" достапен и со англиски превод, а може да го погледнете на линкот во прилог:




Спонзорирани линкови

Маркетинг